Хрватска продолжува со нов селектор: Голужа со неотповиклива оставка!

По пет години поминати на клупата на хрватската машка сениорска репрезентација, Славко Голужа вчера поднесе неотповиклива оставка. Тој преку писмо доставено до Хрватскиот Ракометен Сојуз(ХРС) ја прифаќа одговорноста за случувањата на Светското Првенство во Катар. ХРС преку соопштение за јавност ја информираше ракометната јавност за таа одлука.


Соопштението од селекторот на Хрватска ви го пренесуваме во целост.


По речиси пет години поминати на чело на хрватската ракометна репрезентација, одлучив да поднесам неотповиклива оставка на местото селектор. Мојата одлука е плод на темелна анализа на случувањата на и околу Светското Првенство во Катар и во разговор со челните луѓе во Сојузот. Работев посветено, професионално и совесно на позицијата селектор и притоа ги остварив целите кои заедно со Сојузот ги поставивме, а тоа се Олимписките игри во Рио де Женеиро 2016. Но очигледно дека не сум ги оправдал очекувањата на хрватската јавности, затоа со оставката сакам да го намалам притисокот кој го има Хрватскиот Ракометен Сојуз, моите и наши ракометари, но највеќе од се моето семејство кое сето ова го тешко го проживува. Како и досега така и сега ја уживам подршката од раководството на ХРС, но оваа количина на критики е преголем товар за мене лично, моето семејство, а верувам и Сојузот и ракометарите и затоа мојата оставка е конечна и неотповиклива. На иницијатива на Сојузот, сумирајќи ги моите резултати за време на сите мои ракометни години, ќе останам во телата на Сојузот и ракометот и понатаму несебично ќе помагам и ќе давам свој придонес во развој и промоција на хрватскиот ракомет во светот.