Хрватска подобра од Словенија

Хрватските ракометари вечерва во Иванич Град ја совлада репрезентацијата на Словенија со резултат 31-30 (15-13).

Домаќините во текот на целиот натпревар имаа предност и ја контролираа играта. Словенците на крајот на првиот дел се заканија и го израмнија резултатот, но последните минути составот на Бабиќ ги искористи за на полувреме да замине со предност од 15-13.

Вториот дел повторно го отворија Хрватите, а предноста од три голови се задржа во поголемиот дел од натпреварот. Последниот удар Хрватите го зададоа во последните 10 минути, Хорват, Чупиќ и Дувњак по пет минути им овозможија на домаќините шест голови разлика, а во последните пет минути Словенците се обидоа да се вратат во игра, но единствено го ублажија водството за минимални и конечни 31-30.

Веселин Вујовиќ:“Денес Хрватска ја заслужи победата. Ќе се обидовме да ги поправиме грешките на нашиот тим. Имавме чисти зицери, но поради недостаток од концентрација, ракометарите не ги искористија. На крај успеавме да ја намалиме разликата, но високата предност беше недостижна.”