Хрватска и Србија обезбедија бараж за Светското Првенство: Украина најслаборангирана репрезентација на Европското Првенство

Со победата над Холандија, кодомаќинот на ова Европско Првенство, Хрватска, го избегна последното место на табелата (конечнен ранкинг) и обезбеди место во бараж дуелите за Светското првенство во Данска 2015, кое ќе се одржи од 5 до 20 декември.

Новиот формат кој беше усвоен на последниот конгрес во Даблин, ги намалува загарантираните места од Европското првенство. Така наместо првите три пласирани репрезентации, во Данска освен домаќинот директно ќе се пласира само победникот на Европското првенство. Сите останати 15 репрезентации, на кои ќе им се приклучат четирите репрезентации победници од квалификациските турнири, ќе учествуваат во бараж дуелите за место на Светското првенство 2015, што значи дека 16-та репрезентација од ЕП нема да има можност да се бори за место на СП.

Фенерот и припадна на репрезентацијата на Украина која нема да има можност да се избори за пласман на ново големо натпреварување. Србија поради подобра вкупна гол-разлика го избегна последното место и заврши на пред последното место. Русија со еден нерешен резултат заврши како 14-та, а Хрватска го завзема 13-то место.

Србија, Русија и Хрватска ќе имаат тешка задача да ги поминат квалификациите бидејќи ќе се префрлат еден ранг подолу односно со оние репрезентации кои не се носители, што значи дека ќе добијат противник кој се пласирал меѓу најдобрите 9 екипи на Европското првенство 2014.