ХРВАТСКА Е НОВ СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО РАКОМЕТ НА ПЛАЖА

Светското првенство во ракомет на плажа оваа година се одржа на островот Маргарет во Будимпешта. Дванаесет репрезентации конкурираа за титулата најдобар во светот. Уште на самиот почеток се одвоија двете најдобри селекции, а токму во тој стил заврши и овој турнир во машкиот дел. Актуелниот европски првак по две полувремиња го совлада светскиот шампион Бразил и се искачи на највисокиот подиум на мундијалот во Унгарија.

13729023_1786384618273767_3752022536783189336_n

Финале:
Бразил-ХРВАТСКА 0:2 (15-19, 18-21)
Одличен динамичен натпревар приредија двете најдобри селекции во светот на ракометот на плажа. По две одлични одбрани Бразил го превзема водството, но тоа беше мотив повеќе за хрватската машинерија која на крајот на првото полувреме имаше убедливи 15-19

Вториот сет се одигра на ново ниво. Хрватите супериорно го превземаа водството и контролата над играта, а неизвесноста траеше до половина од второто полувреме. Со голот на Јуриќ на истекот на последните секунди од натпреварот Хрватска дојде до нов бод со победа од 18-21 и славјето можеше да започне.