Хрватот Марко Бувиниќ е нов ракометар на Металург

Како што се најавуваше и претходно, поранешниот младински и кадетски репрезентативец на Хрватска, Марко Бувиниќ е нов ракометар на Металург. Бувиниќ (22 г., 190 см.) настапува на позициите десно крило и десен бек, а во Автокоманда доаѓа од екипата на Пореч.

“Дојдов во голем клуб чии резултати ги пратам неколку години. Дојдов за да учам и да напредувам во својата кариера. Моменталните проблеми во клубот не ме загрижуваат, бидејќи повторувам – овде дојдов за да станам подобар ракометар. Се надевам дека ќе можам да помогнам во реализацијата на клупските планови и очекувам дека ќе избориме ново учество во Лигата на шампионите, следната сезона“– изјави Бувиниќ за клупкиот сајт на РК Металург.

фото: rk.metalurg.mk