Хрватот Ивиќ ново засилување за Висла Плоцк

Актуелниот ракометар на Нант, десниот бек Шиме Ивиќ (23) од наредната сезона ќе ги брани боите на Висла Плоцк. Хрватскиот интернационалец потпиша двегодишен договор со полскиот вицепрвак, и во Плоцк ќе се остане до 2018 година.

Ивиќ во Нант пристигна во јануари од екипата на Целје Пивоварна Лашко. Во францускиот клуб настапи на 8 натпревари во кои постигна 25 гола. Претходно за година и пол колку што настапуваше во Словенија во 54 одиграни натпревари 149 пати успеа да ја затресе противничката мрежа.

Пред да ја започне својата интернационална кариера, Ивиќ настапуваше во дресот на Нексе, а повремено се наоѓа и на поширокиот список на Хрватската репрезентација.