Хрватите сигурно нема да му простат: Стефан Вујиќ ќе игра за Србија на ЕП (ВИДЕО)

Ракометарот кој има настапувано за репрезентацијата на Хрватска, Стефан Вујиќ одлучи да го облече дресот на Србија и најверојатно за оваа селекција ќе настапи на ЕП во јануари. Тој е роден во Риека, но родителите се со потекло од Србија.

Вујиќ има играно за младинските селекции на Хрватска, но не е во плановите на Червар, па затоа одлучи да го прифати повикот на Јовица Цветковиќ и ќе се најде во селекцијата на Србија која е во група заедно со Србија во првата фаза на ЕП.

Тој во својата кариера има играно за Пореч, Нант, Загреб и Стеауа. Познат е по неговиот гол во дресот на Загреб во 2015 година кој беше прогласен за најубав во Лигата на шампионите.