Хрватите кружат околу Македонија: Червар на пол-позиција во селекторската трка ?!

По завршувањето на СП во Катар на кое Хрватска не ги исполни очекувањата на ракометната јавност, во хрватските медиуми на големо се шпекулира кој ќе застане на чело на ракометна репрезентација. Сердарушиќ, Обрван, Перковац, Смајлагиќ се имињата кои се во игра, но сепак името на Лино Червар има посебна тежина за Хрватска.
Златко Жагмештер, хрватската ракометна легенда, репрезентативецот со 200 постигнати голови за Југославија, е човекот кој пред 12 години го предложи Червар за селектор на Хрватска и не погреши. По 12 години хрватските медиуми повторно го поставија прашање за избор на селектор, на што Жагмештер вели:

Помина една година од Европското првенство во Данска. Репрезентацијата е за една година постара, но не е воопшто подобрена како што би требало да биде. Во џеб имам лист на кој го пишува името на човекот кој на најдобар начин би ја водел нашата репрезентација. Веројатно и вие имате свој избор. Еве ви и на вас лист и вие напишете го својот предлог. Ајде да се кладиме дека и вие ќе го напишете истото име.

Причината зошто Червар би добил втора шанса на клупата на „коцкестите“, поранешниот тренер на Загреб ја коментира:

Верувале или не пред 12 години разговарав со Гобац кој ме праша. “Kого да ангажираме за селектор на репрезентацијата?” Му реков: “Земи го Италијанецот”, по што Гобац се реши за Червар кој беше фантастичен. Во период од осум години стигна до две злата и четири сребра. Червар и сега би бил најдоброто решение. Со него на чело Хрватска би била најголем кандидат за златниот медал во Бразил.


Жагмештер уште за време на Светското Првенство во Катар ја бранеше тезата дека шефот на стручниот штаб на Металург, Лино Червар е иднината на хрватскиот ракомет, а познавајќи ја неговата релацијата со челните луѓе на ХРС можеме да констатираме каде што има чад има и оган.