Холандија ја декласира Словачка за делба на првото место во групата 2

Во последниот натпревар од денешната програма во групата 2 во Загреб, репрезентацијата на Холандија очекувано славеше победа од 30-20 над Словачка и со 5 бодови се израмни со Шведска на врвот на табелата.

ГРУПА 2 (ХРВАТСКА, ЗАГРЕБ)

ХОЛАНДИЈА-СЛОВАЧКА 30-20 (17-10)

Најдобрата словачка ракометарка Јакубисова го донесе првото и последно водство за Словачка од 0-1 на овој натпревар. До 10 минута благодарение токму на Лидија Јакубисова која постигна 4 од 6-те голови за својата репрезентација, Словачка одржуваше резултатска неизвесност 6-6. Но како и на претходните натпревари Естевана Полмен беше ракометарката која ги водеше лалињата кон нова победа. Најпрво со 3 погодоци учествуваше во првата серија од 5-0 на Холанѓанките со која дојдоа до првото поголемо водство од 11-6 во 19 минута. До крајот на првото полувреме Холандија успеа да го зголеми водството и на минута до крајот поведе со највисоки + 8, 17-9. На спротивната страна Јакубисова постигнувајки половина од головите за својата репрезентација беше единствената која се обидуваше да стори нешто повеќе во словачкиот состав. Бенускова со својот прв погодок на натпреварот ги постави конечните 17-10 на полувреме.

hol

Холандија рутински го одигра второто полувреме одржувајки го високото водство. Деби Бонт во 44 минута ги донесе највисоките 23-12 до тој момент за Холандија. Разликата во класи беше евидентна, а Ивет Брох со својот петти гол зголеми на +12, 30-18 на пет минути до крајот. Михнова со два гола по ред ги постави конечните 30-20 за Холандија.

Естевана Полман повторно го предводеше нападот на лалињата со 7 постигнати голови, а за Словачка, Сколкова постигна 6.