Холандија ги закомпликува работите за Македонија во група Ц

Вечерва се играат вторите натпревари во рамките на Европското младинско првенство во Данска. Македонија по почетниот пораз од Норвешка со 27-23, вечерва од 20:00 ќе ги одмери силите против силниот состав на домаќинот Данска. Победа за Македонија ќе значи подотворени врати кон втората фаза, но не и сигурен пласман понатаму. За работите да биде компликувани во групата Ц попладнево се погрижија нивните врсници од Холаднија. Норвешка вечерва е непријатно изненадена од Холандија, а победата на Холанѓаните од 31-28 ги изедначи по бројот на бодови во пресрет на последното коло. Данска вчера ја совлада Холандија со уверливи 31-24 и важи за огромен фаворит во пресрет на дуелот против Македонија.

Доколку Македонија вечерва ја совлада Данска, утре во последното коло мора да обезбеди барем нерешен резултат против Холандија (во зависност од гол-разликата на денешниот меч). Доколку Македонија е поразена вечерва тогаш на утрешниот дуел, Холандија мора да загуби со повисока разлика (во зависност од резлутатот на денешниот меч МКД- ДАН), а со нерешен резултат од денешниот дуел Македонија со било каква победа над Холандија ќе го продолжи својот престој во Колдинг.

Избраниците на Јовиќ утре ќе го одиграат последниот меч од групната фаза на ЕП, а дали тој ќе биде последен за Македонија на овој турнир нема да зависи само од евентуалната победа.