ХМИРОВА СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕНИТЕ

На утринскиот тренинг на Вардарки се појави и русинката Татјана Хмирова. Хмирова имаше болки во десното колено поради плика синдромот и почетни промени во ’рскавицата и само 3 недели по успешната операција им се врати на тренинзите.

„Почнав малку денеска, уште не тренирам целосно со екипата, меѓутоа можам да шутирам и да трчам и слободно можам да кажам дека секој ден се чуствувам се подобро. Не знам точно кога би се вратила на натпреварите, но важно е што се опоравувам добро.Ова сепак беше една полесна операција и очекувам за четвртфиналето да бидам подготвена да му помогнам на мојот тим.“ – изјави Татјана Хмирова за официјалниот сајт на ЖРК Вардар.