Хет трик за унгарскиот или прва титула за рускиот тим: Ростов ќе го предизвика Ѓер

Денеска со почеток во 18:00 часот ќе се одигра големото финале во женската Лига на шампиони меѓу рускиот тим Ростов и унгарскиот Ѓер.

Ростов имаше потешка задача во полуфиналето против незгодниот состав на Мец и мораше да се помачи за да дојде до победа, додека Ѓер покрај тоа што имаше повеќе време за одмор, имаше и лесен натпревар против норвешкиот Кристијансанд.

Ѓер, доколку слави во финалниот двобој ќе ја освои третата круна во низа. Унгарките играат практично пред своите гледачи, ќе ја имаат цела сала како поддршка, но против себе дебитант со голема желба и мотив за изненадување и тренер што доволно ги познава сите ракометарки на Ѓер.

Изненадувачки, главна ракометарка на Ѓер против Кристијансанд беше Кари Братсет, но тренерот Габор Дани ги сочува важните адути за денеска. Кај Ростов против Мец, се истакна можеби најдобрата европска ракометарка во моментов, Ана Вјахирева.

Овој натпревар се игра од 18:00 часот во „Ласло Пап Арена“, додека мечот за третото место меѓу Мец и Кристијансанд ќе започне од 15:15 часот.