Хероината на Шпанија, голманката Наваро екслузивно за 24ракомет по пласманот во финалето:

По извонредната партија со 18 интервенции и пласманот во големото финале, шпанската хероина, Наваро екслузивно за 24 ракомет со изјава:

Одигравме одличен натпревар,ова е фантастичен резултат за Шпанија, навистина немам зборови да опишам како се чувствувам. Мора да признаам дека имав голема подршка од сите мои соиграчки , и заедно го остваривме овој фантастичен резултат. Мислам дека натпреварот го одлучи нашата зрелост и тоа што игравме со ладни глави на овој натпревар за разлика од репрезентацијата на Црна Гора. Со пасманот во финалето веќе имаме обезбедено медал, но секако дека посакуваме да го освоиме ЕП.