Херем и Аренхарт ја напуштаат Баја Маре: Данска следна дестинација за двете ракометарки

Едни од главните ракометарки на романската екипа Баја Маре, Камила Херем и Барбара Аренхарт идната сезона ќе настапуваат за други клубови. Норвежанката Херем е пред трансфер во Твис Холстебро додека репрезентативката на Бразил, Барбара Аренхарт официјално потпиша со Никобинг, тим за кој ќе настапуваат и Кристина Кристијансен и Мете Граволд.Се уште не е позната судбината на поголем дел од ракометарките на Баја Маре каде меѓу нив е репрезентативката на Македонија, Елена Ѓоргиевска.