Хасан Мустафа и понатаму ќе владее со светскиот ракомет

Досегашниот претседател на Светската ракометна федерација Хасан Мустафа, е реизбран на конгресот во Анталија, и ќе продолжи да го води светскиот ракомет и во следниот период. Египќанецот немаше противкандидат, па затоа ваквата вест и беше за очекување.

Мустафа е предводник на ИХФ од 2000 година, поточно цели 17 години. Тој денеска доби 104 гласови ЗА, но имаше 9 ПРОТИВ и 4 кој се воздржаа од гласање. Неодамна беше обеледонето дека Мустафа за 20 пати го зголемил буџетот на ИХФ, а новите најави се дека уште повеќе пари во Светската ракометна федерација.