Хансен останува „светец“ и во следните четири години

Еден од најдобрите бекови во светот, Данецот Микел Хансен го продолжи договорот со шампионот на Франција и најбогатиот клуб на светот, ПСЖ. Тој и во следните четири години ќе го носи дресот на „светците“. Тој веќе одигра пет сезони во ПСЖ, па доколку остане до крајот на следниот договор, би заокружил деветгодишен престој во Париз. Се уште се нема радувано на европска титула со францускиот тим, но тој е задоволен од тоа што го продолжи договорот.

Пресреќен сум. Авантурата со ПСЖ почна пред пет години и ќе трае уште долго, бидејќи ја делиме истата желба за победа. Ги сакам мојот клуб, соиграчите и градот. ПСЖ е вистинскиот клуб за мене и тука можам да продолжам да се развивам, како играч и како човечко суштество.“ – изјави Хансен.