Хавиќ пристигнува во Локомотива Загреб

Репрезентативката на Хрватска и ракометарка на Подравка Вегета, Дина Хавиќ од следната сезона ќе настапува во Локомотива Загреб. Веќе од ланската сезона стана традиција ракометарките од Подравка да преминуваат во Локомотива Загреб. Дина Хавиќ во Локомотива ќе ја пополни левата бековска позиција. Покрај Хавиќ ново засилување во хрватскиот шампион е пикерот на Будуќност, Катарина Јежиќ. Се уште не се знае со каков состав ќе настапи Локомотива Загреб во следната сезона. Покрај двете засилувања екипата го продолжи договорот со Сања Рајовиќ и Кристина Смиљјаниќ.

За прв пат во историјата од постоењето на клубот, Локомотива ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.