Французи по втор пат на врвот на ракометниот турнир „Струга“: Шарт посреќен во пенал-рулетот

Во последниот натпревар од 44-то издание на ракометниот турнир во Струга, поуспешни како и минатата сезона беа Французи. Овојпат Шарт во финалето по драматична завршница во регуларниот дел, успеа да слави победа на пенали и ја освои првата титула на струшкиот турнир. Второпласираниот тим, составот на Металург приреди одличен дуел и покрај тоа што губеше во поголемиот дел од финалниот меч, а на полувреме замина со високи 8–14, но на крај успеа да се избори за реми од 22-22 со кои заврши регуларниот дел од натпреварот. Талевски со своите осум погодоци во финалето ја предводеше листата стрелци на натпреварот, но и на турнирот. Кузмановски постигна четири, а Велковски и Марчец по три во регуларниот дел. Робин Молиние беше најпрецизен со пет погодоци кај Французите, Кудинов го следеше со четири.

shart met-8

Јунак во изведувањето на пенал рулетот беше голманот на Французите Небојша Граховац кој успеа да одбрани два удари на Металург, а на спротивната страна француските ракометари беа прецизни четири пати за конечна победа на Шарт од 26-23.