Францускиот „All-star“ натпревар без Ристовски и Георгиевски

На 16.декември во Франција ќе биде организиран ракометен „All-star“ натпревар на кој силите ќе ги одмерат најдобрите домашните ракометари против странските ѕвезди кои настапуваат во француското првенство. Ова ќе биде трет пат да се одржува ваков настан во Франција, а Никола Карабатиќ кој оваа година направи трансфер од Барселона во ПСЖ ќе го има своето деби на оваа супер атрактивна ракометна вечер.

За Микел Хансен, Драган Гајиќ и Валеро Ривера ова ќе биде веќе трет настап на францускиот „All-star“, додека пак Јуре Доленец, Стен Гудјонсон, Мате Шулиќ, Александер Линдгард, и Алехандру Шимицу за прв пат ќе настапат во составот на странските ѕвезди. Македонските репрезентативци Борко Ристовски и Гоце Георгиевски кои настапуваат во француската ракометна лига нема да бидат дел од овој „All-star“ натпревар.

Тимот на домашните ракометари ќе го предводи актуелниот тренер на ПСЖ, легендарниот Нока Сердарушиќ, а на чело на составот на странските ѕвезди ќе се најде тренерот на Монпелје, Патрик Канаје.

Француска ракометна лига -странци

Голмани: Јасин Идризи, Мате Шуњиќ
Леви крила: Валеро Ривера, Немања Илиќ
Леви бекови: Микел Хансен, Алехандру Шимицу
Централни бекови: Стен Гудјонсен, Диего Симонет
Десни бекови:Јуре Доленец, Асгир Халгримсон
Пивоти: Миха Звижеј, Александер Лингард
Одбрана:Махмут Гарби
Тренер: Патрис Канаје

Француска ракометна лига-домашни ракометари

Голмани: Тиери Омејер, Винсент Жерар
Леви крила:Мишел Гигу, Рафаек Качету
Леви бекови: Жером Фернандес, Тимоти Н’Гусан
Средни бекови: Никола Карабатиќ, Даниел Нарцис
Десни бекови: Адриен Дипанда, Пјер Содри
Десни крила: Лук Абало, Силвиан Кифер
Пивот: Метју Лафранчи, Лука Карабатиќ
Одбрана: Метју Батил
Тренер: Нока Сердарушиќ