Французи во Рејкјавик, Летонци во Скопје за двомечот Македонија-Исланд

Натпреварите меѓу Македонија и Исланд кои ќе бидат одиграни во рамки на ЕХФ неделата на 10 и 14 април ќе бидат водени од страна на арбитри од Франција и Летонија. И додека Французите не се така познати, Летонците се одлично познати за македонската јавност.

Првиот меч кој в среда од 21:45 часот (19:45часот по локално време) ќе биде одигран во Рејкјавик ќе го водат Карим и Рауф Гасми од Франција. Делегат на овој дуел ќе биде Свен Олаф Оје од Норвешка.

Реваншот кој на 14 април од 20 часот ќе биде одигран во СЦ „Борис Трајковски“ на теренот ќе ги има Летонците Зигмар Шондор и Ренар Лицис од Летонија. Тие и досега суделе натпревари на Македонија и на клубовите од Македонија во европските купови така што ова ќе биде можност за нов натпревар.

Делегат на втората средба ќе биде Јанко Пожежник од Словенија.