Франција, 5. коло: Монпелје се разбуди од сонот

Фаворитите во првенството на Франција имаа мирна вечер на средбите од 5. коло и без поголеми проблеми успеаја да ги решат дуелите во своја корист. Победи забележаа ПСЖ, Монпелје, Нант, Шамбери… па сè беше во рамки на очекуваното.

Момците на Раул Гонзалес после ремито од минатото коло се вратија на победнички патеки. Го совладаа Понто Комбо со убедливи 38:25. ПСЖ ја имаше доминацијата во текот на целиот натпревар и убедливо во висок стил го заврши мечот. Одличен на голот беше Тиери Омејер кој собра 16 интервенции, а најдобар стрелец беше Лука Степанчиќ со девет погодоци.

После три порази по ред во сите натпреварувања, Монпелје вечерва успеа да се врати на старите патеки. Иако потешко од очекувано овие два бода освоени против Данкерк (25:24) го враќаат Монпелје во трката за титулата. Екипата на Данкерк беше „тврд орев“ во текот на целиот натпревар, а во последните моменти од натпреварот имаше шанси и да дојде до реми. Сепак, среќата беше на страната на европскиот шампион.

И Шамбери ја продолжи својата серија без пораз. Во ова коло го совлада Истрес со убедливи 34:21. Шамбери ја завери победата уште во првиот дел во кој имаше водство од 17:11. Во вториот дел домаќините ја зголемија предноста уште повеќе, а единаесетте одбрани на голманот Јан Генти целосно ја исклучија можноста Истрес да ја намали разликата.

РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО:

ЕКС – ТУЛУЗ 26:24

ШАМБЕРИ – ИСТРЕС 34:21

ИВРИ – НИМ 29:34

ТРЕМБЛЕ – НАНТ 28:32

МОНПЕЛЕ – ДАНКЕРК 25:24

ПСЖ – ПОРТО КОМБО 38:25

ТАБЕЛА: 1. Нант 10 поени (+26 гол разлика), 2. Шамбери 10 (+21), 3. ПСЖ 9 (+40), 4. Ним 9 (+15), 5. Монеплје 8 (+12)…