Франција ја победи Холандија, Шведска во полуфиналето

Во последниот натпревар од групната фаза Франција ја совлада репрезентацијата на Холандија и и овозможи на Шведска и покрај денешниот пораз да игра во полуфиналето против селекцијата на Норвешка. Французинките по вчерашниот кикс против Германија ќе мора да се задоволат само со натпревар за петото место против репрезентацијата на Унгарија.
ГРУПА 2( Хрватска, Загреб)
ХОЛАНДИЈА 18-20 ФРАНЦИЈА (9-7)
Најголемо изненадување за екипата на Холандија беше играта на линијата на шест метри, која многу ретко во текот на првенството ја практикуваа Французинките.
Првото полувреме помина во неизвесна игра со постојана промена на водството. Две минути беа потребни за Холандија да го постигне првиот гол, а Франција беше таа репрезентација која веднаш ја превзема иницијативата, по 8 минути игра на семафорот стоеше 1-2. Французинките беа во предност 18 минути, но во последните 10 минути не постигнаа ниту еден гол, а на спротивната страна Холандија беше прецизна три пати за 9-7 по 30 минути игра.
image
Со серија од 4 голови во низа Франција го започна второто полувреме, во 34-та минута Дембеле беше прецизна за највисоките два гола предност 9-11. Холандија го израмни резултатот и ја продолжи неизвесноста околу последниот полуфиналист. Во 45-та минута Франција поведе со три голови предност, 14-17, но Холандија и тогаш не се предаде. Корнелија Грот ја врати неизвесноста на натпреварот во 48-та минута со својот десети гол за 17-18.
Како и во првиот дел, во последните 10 минути од натпреварот се постигнаа вкупно три гола, Лусијано за Холандија, а Заади и Ајглон беа прецизни за Франција и за конечни 18-20.
Шведска е среќниот губитник на денешниот натпреварувачки ден, а Франција ќе се бори за петтото место на првенството.
Најкорисни ракометарки натпреварот се:
Холандија:17 Корнелија Гроот
Франција:4 Нина Камто Нјитам