Франција со Лејно и Дембеле подобри од Романија во пријателски натпревар

Денес репрезентацијата на Франција одигра пријателски натпревар со Романија. Контролните натпревари се подготовка за СП во Данска кое започнува од 5 декември.

Иако репрезентативката на Романија, Кристина Неагу, постигна 11 погодоци, сепак нејзините голови не беа доволни за победа на нејзината репрезентација бидејќи во денешниот натпревар Франција бешр за нијанса подобра и триумфираше со 29:27 (16:11). Алисон Пино беше најефикасна во составот на Франција со пет погодоци, четири постигна крилото на ЖРК Вардар, Сираба Дембеле.