Франција се намачи со Словачка

На отворањето на натпреварите од Д групата во Осијек селекцијата на Франција наиде на незгоден противник. Словачка по пауза од 20 години повторно се најде на едно големо натпреварување со искусни и млади ракометарки кои се желни за докажување. Сепак на крајот французинките не дозволија изнадување и ги запишаа првите бодови на првенството.

Франција – Словачка 21:18 ( 7:9)

Репрезентативките на Словачка храбро и борбено за секоја топка на почетокот на натпреварот имаа водство од 4-2. Голманката на ЖРК Вардар, Амандин Лејно со своите одлични интервенции ја врати својата репрезентација во игра. По 30 минути резултатот беше 7-9 за репрезентацијата на Словачка.

Во вториот дел продолжи борбата за секоја топка а французинките беа подобри на теренот. Словачка предводена од Трехубова и одличната Губикова на голот до крајот на натпреварот ја одржуваа неизвесноста во Осијек. Поискусната репрезентација на Франција сепак во последните минути го искористи неискуството на репрезентативките од Словачка и ја казни секоја нивна грешка.

Најефикасна во составот на Франција беше ракометарката на ЖРК Вардар, Сираба Дембеле со шест погодоци, во составот на Словачка се истакнаа Татјана Трехубова и Мартина Сколкова со по четири погодоци. Амандин Лејно имаше 13 успешни интервенции.