Франција пресилна за Македонија

Во полупразната Таурон Арена Македонија во рамките на првиот натпревар од Европското првенство во Полска одиграа одличен натпревар против Франција. Сепак Франција беше пресилна за спектакуларен почеток за Македонија. На крај по шеест одиграни минути резултатот гласеше 30-23.

zagrevanje Fr-Mk-5

Храбар почеток за македонската репрзентација. Во првиот напад преку продорот на Миркуловски во голманскиот простор Македонија заработи удар од седум метри кој го реализираше Лазаров. Франција успеа по девет минути игра да го сврти резултатот во своја корист, но минималната предност се задржа во текот на целото прво полувреме. Средината на првото полувреме им припадна на избраниците на Обрван, Кузмановски во 12-та минута го израмни резултатот, а веднаш потоа следуваа погодоците на Манасков и Лазаров за 6-8 во 15-та минута.

1pol. Mk-Fr12 12

Силната Франција веднаш возврати и со одличните интервенции на Омејер (11 во првиот дел) и играч повеќе на терен, повторно го врати минималното водство преку Гигу за 8-9. Порте и Карабатиќ  го донесоа првото водство за Франција од два погодока (11-9 во 20-та минута). Во последниот период Борко Ристовски имаше две одлични интервенции, а промашените зицери на Карабатиќ и Нарцис ги  искористија Миркуловски и Георгиевски за ново израмнување на натпреварот на 11-11 (28 мин.)

До крајот на првото полувреме двете екипи постигнаа по уште еден гол, а Дејан Манасков со својот четвртти гол стави точка на првиот дел за конечни 12-12.

zagrevanje Fr-Mk-6

Порте и Карабатиќ го отворија вториот дел за нови два гола разлика. Водството го задржаа за кратко, бидејќи Ристовски беше во свој елемент, а Гоце Георгиевски и Лазаров прецизни за десетто израмнување на натпреварот.  Французите ја имаа иницијативата, но Македонија до 40-та минута беше подеднакво добра. Грешките во македонскиот напад во средината на вториот дел ги чинеа македонските ракометари серија од три голови за предност на Франција од 20-17 во 45-та минута. Шеесет секунди беа потребни Македонија повторно да воспостави контрола врз сопствената игра. Лазаров ја започна серијата која ја врати Маекдонија во игра, продолжи Манасков, а Георгиевски изедначи на 20-20.

Две грешки на почетокот на последните десет минути скапо ги чинеа ракометарите на Македонија, Мае погоди за гол предност, а веднаш потоа Абало украде топка при изведување на слободен удар за два разлика. Омејер беше одличен на голот, а данските судии се одлучија да доделат исклучување за Стојанче Стоилов. Тоа го искористија Французите и преку Сорендо и Нарцис стигнаа до највисоките пет голови разлика на четири минути до крајот(27-22). Кога веќе беше се познато, Франција само го зголеми водството во последните секунди од мечот за конечни 30-23.

Најпрецизен во редовите на Македонија беше Лазаров со девет голови, додека Манасков постигна пет, кај Франција Сорендо постигна шест, додека Порт постигна пет