Франција преку Црна Гора за прво место во Група Д

Во првиот натпревар од последниот ден во Осјек, во рамките на групата Д, се одигра дуелот за прво место меѓу Црна Гора и Франција. Франција по третата победа пренесува максимални 4 бодови Црна Гора пренесува 2, додека Србија и Словачка кои ќе се борат за влез во втората фаза, ќе стартуваат со 0 бодови во Загреб.

ГРУПА Д (ХРВАТСКА, ОСЈЕК)

ЦРНА ГОРА 20-24 ФРАНЦИЈА (12-12)

Почетните минути поминаа во одмерување на силите и запознавање со стилот на игра на противникот. Мехмедовиќ го отвори натпреварот, но двата гола на Милена Кнежевиќ и ја донесоа првата предност од два гола на репрезентацијата на Црна Гора во 10-та минута за 5-3.
Французинките возвратија со серија 4-0 и го превземаа водството од два гола за 5-7 по петнаесет минути игра. Секоја од селекциите имаше свои пет минути, а последните две им припаднаа на Французинките кои во последната минута од полувремето го изедначија резултатот на 12-12. Лакрабере и Пино ја предводеа Франција, а на другата страна одлично прво полувреме одигра Милена Кнежевиќ.
14702_548b2e59b1
Пино и Дембеле ја навестија победата на Франција со два гола на почетокот на второто полувреме. Меѓутоа на спротивната страна расположената Милена Кнежевиќ не дозволуваше Франција прерано да се радува на овој натпревар. Неизвесноста траеше до 46-та минута кога Кнежевиќ поради повреда на зглобот на левата нога беше надвор од игра, а нападот на Црногорките немаше сериозни решенија за расположената француска одбрана. Со серија од 3-0 Французинките во последните 10 минути од натпреварот се изборија за два гола предност 17-20.
На Црногорките им беа потребни 9 минути за нов гол, Лејно одбрани неколку клучни напади, а соиграчките со брза реализација го зголемуваа водството на Франција. Пино на три минути пред крај ги постави највисоките 19-24, а Радмила Петровиќ стави точка на овој дуел за конечни 20-24.
Кнежевиќ со шест и Булатовиќ со пет беа најдобри поединки во редовите на Црна Гора, во победничката селекција Пино постигна 8, а Лакрабере 7 погодоци.

Најдобар играч на натпреварот според ЕХФ:
Милена Кнежевиќ (Црна Гора)
Алисон Пино (Франција)