ФРАНЦИЈА: Онеста го објави составот за одбрана на титулата!

Актуелниот владетел со машкиот ракомет, селекцијата на Франција ќе биде првиот противник на репрезентацијата на Македонија за отворање на Европското првенство во Полска. Составот на Клод Онеста ќе се разликува од оној на светското првенство во Катар, но Франција повртоно ќе се стреми кон највисок пласман.

На еден ден пред заминување за Краков, селекторот Онеста го објави конечниот список на ракометари кои ќе патуваат за Полска. Без изненадувања браќата Карабатиќ, Омејер, Нарцис, Абало и Гигу повторно ќе го предводат составот на актелниот шампион.

Во селекцијата на селекторот Онеста имаше место за:

Голмани : Тиери Омејер(PSG), Винсент Жерард (Montpellier)

Лево крило : Самуел Онрубија (PSG), Мишел Гигу, (Montpellier)

Лев бек: Оливер Њокас (Balingen), Даниел Нарцис (PSG), Тео Дерот (Nantes)

Централен бек: Никола Карабатиќ (PSG), Кентин Мае (Flensburg)

Десен бек : Валентин Порт (Toulouse), Недим Ремили (Créteil), Адриен Дипанда (Saint-Raphaël)

Десно крило: Лук Абало (PSG), Бенуи Кункуд (PSG)

Пивоти: Седрик Сорендо (Barcelonа), Лука Карабатиќ (PSG), Лудвиг Фабрегас (Montpellier)