ФРАНЦИЈА И СЛОВЕНИЈА ВО БОРБА ЗА ТИТУЛАТА СВЕТСКИ КАДЕТСКИ ПРВАЦИ!

Светското кадетско ракометно првенство во машка конкуренција кое се одржува во Урал, Русија дојде до самиот крај. Франција и Словенија се репрезентациите кои денеска со почеток од 15:00 часот ќе се борат за титулата Светски младински шампиони.
Во првото полуфинале помеѓу Словенија и Исланд видовме драматична завршница во која посреќни и поупорни беа Словенците. Иако Исланд цели 45. минути го диктираше темпото и имаше комотно водство, младите Словенци немаа намера прерано да се откажат од финалето и во последните петнаесетина минути го свртеа резултатот во своја корист. Голманот Кастелиќ и Јанц беа клучните ракометари за Словенија, а победоносниот гол го постигна Кавчич за финале на Словенија.

slo
Младите Словенци по големиот кам-бек против Исланд и пласманот во големото финале

Второто полуфинале помеѓу Франција и Шпанија го одбележа дуелот помеѓу синовите на легендарните ракометари Џексон Ричардсон и Таланд Душебаев. Мелвин Ричардсон и Даниел Душебаев за момент не потсетија на големото ривалство на своите славни татковци, а на крајот се радуваше Мелвин Ричардсон.
Франција доминираше на овој натпревар иако почетокот им припадна на Шпанците кои имаа водство од 4-5 во 12.мин. Од тој момент Французите ги преземаа работите во свои раце, поведоа со 12-9, а до крајот на првиот дел го зголемија своето водство на 18-13. Шпанците неколкупати во вториот дел се вратија на -3, 24-21 (45.минута) но Франција не дозволи комплетно враќање на црвената фурија во игра, и со серијата од 6-2 во последните осум минути само го потврди својот пласман во големото финале. На крајот конечни 34-27, и шанса за Францускиот кадетски национален тим да им се приклучи на своите младински и сениорски колеги на врвот на светот.

fra fan
Француските фанови го прославија пласманот во финалето

Во натпреварот за третото место Исланд ја совлада Шпанија со 26-22 и стигна до бронзениот медал на младинското светско првенство.
Утрово беа одиграни и натпреварите за пласман, во кои Данска со победата над Бразил од 26-23 успеа да стигне до 7.место, а Шведска беше поуспешна од Норвешка со 32-27, со што го обезбеди 5. место на СП.

Финалистите Франција и Словенија во последното коло на групата Д имаа меѓусебен дуел кој заврши нерешено 32-32, што треба да претставува најава за супер интересно финале.

ПАТОТ НА ФИНАЛИСТИТЕ ДО ФИНАЛЕТО

ГРУПНА ФАЗА

ФРАНЦИЈА-Аргентина 37-18

Јапонија-ФРАНЦИЈА 18-27

ФРАНЦИЈА-Тунис 34-24

Бразил-ФРАНЦИЈА 23-27

Франција-Словенија 32-32


СЛОВЕНИЈА-Тунис 31-18

Аргентина-СЛОВЕНИЈА 15-29

СЛОВЕНИЈА-Бразил 34-27

СЛОВЕНИЈА-Јапонија 37-23

Словенија-Франција 32-32

ОСМИНАФИНАЛЕ

СЛОВЕНИЈА-Хрватска 26-23

ФРАНЦИЈА-Швајцарија 29-24


ЧЕТВРТФИНАЛЕ

СЛОВЕНИЈА-Норвешка 34-29

ФРАНЦИЈА-Шведска 35-28


ПОЛУФИНАЛЕ

СЛОВЕНИЈА-Исланд 31-30

ФРАНЦИЈА-Шпанија 34-27


ФИНАЛЕ (ЧЕТВРТОК, 15:00)

СЛОВЕНИЈА-ФРАНЦИЈА