Франција и Данска обезбедија пласман меѓу осум најдобри репрезентации во Доха

Очекувани победи на фаворитите во вечерниот термин на вториот 1/8 финален ден во Доха. Франција и Данска очекувано ќе го продолжат својот престој во Доха и во четврт финалето ќе се соочат со Словенија односно Шпанија.

ФРАНЦИЈА 33 – 20 АРГЕНТИНА (16 – 6)
Очекувaно репрезентацијата на Франција обезбеди место меѓу најдобрите осум репрезентации на Светското Првенство во Доха. Актулелниот олимписки и европски шампион убедливо ја совлада репрезентацијата на Аргентина. Француските ракометари натпреварот го одлучија во првите 15 минути кога имаа предност од 8-3. Аргентинските ракометари се обидуваа да ја намалат разликата, но одличната одбрана предводена од Омејер ги откажа сите обиди на „гаучосите“. Предноста на Французите растеше и по триесет минути игра, Карабатиќ ги постави највисоките десет голови разлика, 16-6.
Qatar 2015 M68 FRA vs ARG
Второто полувреме беше само рутина за искусните „експерти“ кои во 45-та минута го имаа највисокото воство од 26-11. До крајот на натпреварот Аргентина намали само мал дел од високото водство на Франција за конечни 33-20.
Најпрецизен на овој дуел беше Валентин Порте со 6 поогдоци, додека Жоли постигна 5 погодоци од исто толку обиди, кај Аргентинците Гонзало Кару постигна 4 погодоци.

ИСЛАНД 25 – 30 ДАНСКА (10 – 16)
Серијата 7-1 беше предвесник за конечниот исход на овој натпревар. Данска очекувано го порази неубедливиот Исланд, кој без првата ѕвезда Арон Палмарсон игра непрепознатливо.Предноста која во првите осум минути на натпреварот ја создаде одличната репрезентација на Данска, ја зачува до крајот на првото полувреме кое заврши со резултат 10-16.
Iceland vs Denmark
Продолжението помина без возбудување, данските ракометари го зголемија водството и во 34-та минута Рене Тофт Хансен за прв пат ги донесе Данците на осум голови разлика 10-18, а до крај на натпреварот во 53-та минута со погодокот на Ларсен, Данска имаше највисоки девет голови предност 19-28. Исланѓаните ја намалија високата предност на Данците, но веќе доцна за пресврт.По 60 минути игра Данска ја совлада репрезелнтацијата на Исланд со 30-25.
Најпрецизен во редовите на Исланд беше Петерсон со седум голови, додека Сигурдсон постигна 6 погодоци. Во редовите на победникот, Данска, Расмус Лауге Шмит беше прецизен шест пати.