Франција има нов шампион

На три кола пред крај на француското првенство, ПСЖ ја освои својата трета титула во историјата на клубот. Со вчерашната победа над Тулуз ракометниот гигант од Париз создаде недостижна разлика пред конкурентите, второпласираниот Ст. Рафаел и третопласираниот Монпелје. Парижаните имаа предност во текот на целиот меч која по првото полувреме изнесуваше 19-14, а разликата до крајот а шеесетте минути се искачи на високи 37-30. До нова победа за составот на ПСЖ го предводеше Микел Хансен со 11 погодоци, додека Никола Карабатиќ постигна осум голови.

Солиден во поразот на својот тим беше македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски со 8 постигнати погодоци.