ФРАНЦИЈА Е СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО КАДЕТСКА КОНКУРЕНЦИЈА!

Француската кадетска машка репрезентација е нов Светски првак во оваа категорија. Младите триколори во финалето ја совладаа Словенија со 33-26 (16-13), и ја комплетираа француската доминација во светот на ракометот. Со овој златен медал француските кадети им се придружија на своите младински и сениорски колеги на врвот на светот.

Уште од самиот почеток Франција го диктираше темпото на финалето, а со својот перформанс брилираше Мелвин Рилчардсон, кој е син на поранешниот легендарен француски и светски ракометар, Џексон Ричардсон. Франција беше доминантна и доколку по првиот дел постоеше некоја неизвесност за тоа кој ќе биде новиот Светски првак (16-13), почетокот на вториот дел триколорите го стартуваа со серија од 6-1 и по само тринесет минути поведоа со +9 со што ги разрешија сите дилеми на финалето.
Последниот дел од натпреварот беше резервиран за славје на француските ракометари а крајниот резултат гласеше 33-26.
За МВП на СП беше избран Мелвин Ричардсон, а во најдобриот состав на првенството влегоа:

ГОЛМАН– Хоан Менендес (Шпанија)

ЛЕВО КРИЛО– Тилен Соколиќ (Словенија)

ПИВОТ– Лудовик Фабрегас (Франција)

ДЕСНО КРИЛО-Оин Рикардсон (Исланд)

ЛЕВ БЕК– Даниел Душебаев(Шпанија)

ЦЕНТРАЛЕН БЕК – Мелвин Ричардсон (Франција)

ДЕСЕН БЕК– Блаж Јанц (Словенија)