Франција го претстави Светското првенство 2017: „Феноменален ракомет“ како увертира за светскиот крем!

Случајно или намерно, петок 13-ти беше избран за ден кога организацискиот одбор на француската ракометна федерација ќе ја презентира организацијата на Светското Првенство.
Точно 669 дена не делат од собирот на светската ракометна елита, повод за презентација на официјалното лого, градовите домаќини и арените во кои од 11 до 29 јануари 2017 ќе се одиграат мудијалските натпревари.

image
Под мотото “Феноменален ракомет”, Ракометната Федерација на Франција, заедно со челните луѓе на ИХФ, ги презентираа можностите кои ги нудат деветте градови домаќини.
image
Дваесет и четири екипи, кои ги сочинуваат повеќе од 500 ракометари, ќе одиграат 84 натпревари за време на турнирот. Франција ќе биде дел од натпреварот со кој ќе се отвори Светското првенство, а ќе се одржи на 11 јануари во Арената Берси во Париз. Останатите натпревари од групата, “Експертите” ќе ги одиграат во Нант. Домаќини на останатите групи Мец, Руен и Аих ен Прованце. Елиминациската фаза ќе се одржи во Лил, Монпелје, Париз и Албервил. Полуфиналето и финалето ќе се одиграат во главниот град на Франција, додека Брест ќе биде домаќин на Претседателскиот куп.
image
Претседателот на ИХФ, д-р Хасан Мустафа на свечената презентација изјави:

“Со нетпрение го очекувам почетокот на Светското првенство 2017. Немам дилеми околу нивото на организацијата и способноста на Франција да ја постави летвата високо со организација на турнирот кое долго ќе го паметиме, благодарение на ентузијазмот, единствените настапи и одличните приказни кои ќе ги создаде. Франција има единствено. сето во нашиот спорт.”

image
Единствен проблем за организаторите се градежните работи на арената во Аих чиј финиш, според новите информации ќе го пробие рокот за Светското првенство, што значи можна елиминација на Аих како дел од домаќините на ова првенство. Алтернативна замена ќе биде градот Тулуз кој со нетрпение ја очекува конечната одлука на Федерацијата и ИХФ.
Воедно од денес започнува со работа и официјалната веб страна на првенството а можете да ја погледнете на следниот линк http://www.francehandball2017.com/