ФОТО СТОРИЈА: КАКО ПОМИНА ПРВИОТ ДЕН ВО КРАКОВ

Во живописниот предел на регионот Малополска, во поранешниот главен град на Полска е сместен епицентарот на сите ракометни случувања во наредните 15 денови, Европското ракометно првенство 2016.
untitled-2
Краков, град кој е дел од културното наследство заштитено од УНЕСКО го крие најголемото културно и историско богатство на Полска, токму Краков ќе биде домаќин на „домашната“ група А. Покрај домаќинот во оваа група ќе се натпреваруваат Македонија, Франција и Србија за трите места кои водат до втората фаза на континеталниот собир.
Домаќините се потрудиле на најдобар начин да го претстават својот ракометен фанатизам, веќе на неколку места се поставени рекламни паноа на кои се одбројуваат секундите до почетокот на европското ракометно лудило.
untitled
Македонија го одржа својот втор тренинг во кој имаа можност да ја почуствуваат салата и со кратки коментари да ги задоволат љубопитните новинари на нивната прва средба.
prv trening-13
Во добро расположение, започна тренингот на македонската селекција, а медиумите можеа да ги проследат првите 10 минути.
prv trening-15
За тоа време организаторот ги правеше последните подготовки пред утрешното отворање на групата А со меч од огромно значење за македонската делегација, меч против европскиот, светскиот и олимписки владетел Франција.

prv trening-3
По тренингот македонската делегација се упати до хотелот Хилтон, кој е во непосредна близина на Таурон Арената во Краков. Сите со иста желба да се повтори резултатот од тест-мечот на националната полска телевизија.

20160114_181501.jpg

Моменти од вчерашниот прв ден во Краков можете да погледнете преку објективот на Кочо Сотировски.

ФОТО:КОЧО СОТИРОВСКИ