(ФОТО) Салата во Битола подготвена за спектакл – По 13 години повторно домаќин на Македонија

Спортската сала „Боро Чурлевски“ веќе е подготвена за старт на првиот натпревар меѓу Македонија и Турција од квалификациите за пласман на Европското првенство, кое за две години ќе се одржи во Шведска, Норвешка и Австрија.

Последен пат еден од најракометните градови во Македонија беше домаќин на националниот тим во 2005 година, кога во Битола гостуваше Босна и Херцеговина, во рамките на квалификациите за ЕП 2006 година, а мечот заврши нерешено 28-28.

Специјалната подлога за натпреварот е веќе поставена, соблекувалните се дотерани, а ракометарите на два пати ќе тренираат во оваа сала и ќе имаат можност да се навикнат на теренот. Мечот меѓу Македонија и Турција се игра в четврток со почеток во 20:15 часот.