ФОТО: Победнички лица кај ракометарите на Прилеп

Ракометарите на Прилеп на гостувањето во Скопје го совладаа тимот на Работнички. Со големи осцилации во текот на мечот, гостинските ракометари успеаа на крајот да слават со 29:31 и со тоа да обезбедат настап во европските купови.

Амбициозната екипа од Прилеп заврши на четвртото место на табелата во македонската лига и со тоа најверојатно и ќе настапи во Челинџ купот следната сезона.

После долги години, машкиот ракометен клуб од Прилеп повторно ќе заигра во Европа, а ракометните љубители на ракометот под Марковите кули ќе има можност уште еднаш да гледа европски ракомет.

13312820_1000391563389619_3261344924984930851_n