ФОТО НА ДЕНОТ: Поранешните соработници повторно на иста клупа

Во рамките на десеттото коло во македонската Супер лига, составот на Металург 2 ја пречека екипата на Пролет. Во возбудлив и крајно неизвесен натпревар Пролет замина со трите бода, но публиката беше задоволна од борбеноста, неизвесноста и желбата за надигрување која ја понудија двата клуба.

Меѓу посетителите во спортската сала Автокоманда беше и селекторот на македонската национална селекција, актуелниот тренер на Металург, Лино Червар, кој будно ги следеше младите ракометари предводени од Александар Петровски во суперлигашкиот дуел. Хрватскиот стратег беше во друштво на македонскиот тренер Андон Бошковски, кој по заминувањето од Металург седеше на клупата на Вардар, Богданци, Работнички и од оваа сезона романскиот клуб Роман.

Бошковски и Червар краток период соработуваа во тимот од Автокоманда веднаш по пристигнувањето на хрватскиот стратег во Скопје, а сега повторно седнаа на иста клупа, но онаа во вториот ред на трибините во Автокоманда.

metprolet-7