ФОТО НА ДЕНОТ: Од Загреб поблиску е Сегед

Вардар игра уште еден одличен натпревар во Лигата на шампионите и се наоѓа пред нова победа против хрватскиот првак Загреб.

Дел од навивачите на „црвено-црниот“ тим извадија весници во дел од натпреварот и симулираа дека им е досадно, со оглед наголемата предност на Вардар од првиот натпревар.

Вардар во четвртфиналето најверојатно ќе игра со унгарскиот првак ПИК Сегед, кој има предност по првиот дел со Висла Плоцк и треба формално да го одработи реваншот.