ФОТО НА ДЕНОТ: ВУЈО И СТОЛЕ ЗАКАЖАА “ЖЕСТОКО” ПОЛУФИНАЛЕ

На втората прес конференција на која присуствуваа претставници на Вардар и ППД Загреб покрај стандардните очекувања на претставниците, посебна нота и дадоа Веселин Вујовиќ и Стојанче Стоилов. Изјавата на Стоилов која беше на македонски за претставниците на медиумите се понуди и ја преведе токму Веселин Вујовиќ, кој на крај додаде дека Стоилов премногу го сака што наиде на смеа и воодушевување помеѓу присутните новинари.
На крајот двајцата во пријателска прегратка дадоа една одлична најава за утрешното полуфинале кое стартува со почеток од 20 часот и 30 минути.seha prv den-6437