ФОТО НА ДЕНОТ: ВРЕМЕ Е ЗА ЗАСИЛУВАЊЕ

Завршницата во Лигата на шампионките донесе неочекуван расплет. Иако ЦСМ Букурешт ја купи речиси целата постава од најдобрите седум ракометарки прогласени на Европското првенство 2014, сепак резултатите кои ги постигнуваше романскиот шампион оваа сезона ги промовираше во аутсајдери на овој турнир. Затоа насловот сензација најдобро го опишува расплетот на Фајнл Фор турнирот во Будимпешта.

Освен за ракометните фанови, овој турнир беше атрактивен и за спортските агенти и менаџери, а веројатно еден од највлијателните, Саша Братиќ со внимание го следеше дуелот за трето место меѓу Вардар и Будимпешта. Дали тоа значи дека во Вардар ќе дувне нов свеж ветер или менаџерот единствено е тука како поддршка за своите ракометарки ќе покаже времето.

slavenje 3 mesto-7