ФОТО НА ДЕНОТ: А да се пробаме „еден на еден“?

Секој завршен турнир носи интересни моменти, можност за пријателите да се видат и да поразговараат и секако да ги одмерат силите на теренот.

Еден интересен момент беше забележан при средбата на ракометарите со новинарите, а тука можност да се сретнат имаа и членовите на Вардар и на Мешков Брест. Тренерот на тимот од Белорусија, Маноло Каденас и капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов се најдоа еден до друг во интересна поза.

Моментот делува како да сакаат да ги одмерат „ракометните сили“ во игра „еден на еден“. Секако утре ќе може само еден од нив да се радува после завршувањето на второто полуфинале.