Фотогалерија од натпреварот меѓу Металург и Радовиш

Металурзите ја започнаа сезоната во македонската лига со победа над Радовиш. Повторно по две недели на истото место, спортската сала во Автокоманда, ист противник, екипата на Радовиш, и повторно лесна задача за македонскиот првак. За разлика од првиот дуел, овојпат Червар се одлучи да го поштеди најдобриот поединец на првата средба, Раде Стојановиќ, кој натпреварот го пратеше од трибините. Во рамките на финалето од четвртата четвртфинална група, Металург со резултат 31-23 ја совлада екипата на Радовиш и обезбеди пласман на завршницата од Купот на Македонија.[Best_Wordpress_Gallery id=”86″ gal_title=”Metalurg – Radovis”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ