Флори доаѓа во Скопје: Французинките загревање за вардарки пред фајнл-фoр!

Францускиот суперлигаш, Флори кој има квалитетен тим ќе биде гостин на ЖРК Вардар од 22 до 27 април. Овие пријателски натпревари со ЖРК Вардар францускиот тим ќе ги искористи за темпирање на формата пред финалниот дуел со Митјиланд во рамките од КПК, додека ЖРК Вардар дуелите со Флори ќе ги искористи за подготовка за полуфиналниот дуел против ЖРК Будуќност од Лигата на шампионките. ЖРК Вардар во сезоната 2013/14 во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите во финалниот натпревар се сретна токму со Флори каде забележа убедлива победа и пласман во најквалитетното ракометно натпреварување.
Во Флори настапуваат неколку истакнати ракометарки меѓу кои и репрезентативките на Шпанија, Кабрал Барбоса, Беатриз Фернандез, Марта Лопез и Марта Манге.