Фленсбург се изнамачи со Алборг

Ракометарите на Фленсбург по заминувањето на Љубормир Врањеш од кормилото започнаа нова ера. Не им оди баш најдобро во Бундес Лигата, но во првиот меч од Лигата забележаа победа над данскиот Алборг, иако се намачија прописно за да стигнат до бодовите, 30:27.

Во првиот дел домашните водеа најчесто со гол или 2 разлика, но во завршните минути Алборг ја презема контролата и замина на пауза со предност од 13:15. Во вториот дел имаше и плус 4, 19:23 во 40 минута, но тука почна камбекот на домашниот состав.

Шмит и Гландорф ги земаа работите во свои раце и направија серија по која немаше враќање за Алборг за конечни 30:27. Најдобри во домашниот состав беа споменатите Гландорф со 8 и Шмит со 7, додека кај Алборг се истакна Јул-Ласен со 7.