Фленсбург има свој Кире Лазаров (ВИДЕО)

Германскиот Фленсбург без особени проблеми го мина белорускиот шампион Брест Мешков и со две победи се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во реванш средбата бундеслигашот славеше со десет голови разлика, 31-21, а од овој натпревар може да се издвои и прекрасниот погодок на Хампус Ван.

Шведскиот интернационалец погоди од еден контранапад во стилот на Кире Лазаров. Погледнете го овој гол во видео прилогот…