Фленсбург гневни на судиите по елиминацијата од Киелце! (ВИДЕО)

Вчерашниот четвртфинален реванш натпревар помеѓу екипите на Киелце и Фленсбург, според сите предвидувања својот конечен епилог го доби по завршувањето на последните секунди. По првиот натпревар во Германија кој заврши со резултат 28-28, полскиот шампион на домашен терен постигна гол повеќе и со конечни 29-28 втора година по ред го резервираше својот билет на Ф4 турнирот во Келн.

Сенка на големиот тримф на Киелце фрлаат обвинувањата на германците кои сметаат дека во последниот напад врз нивниот ракометар Могесен е направен прекршок од страна на Тобијас Рајхман што директво влијаеше на патникот во Келн.

Последните секунди од возбудливиот натпревар во Полска, погледнете ги на видеото подоле.

Mehr Spannung geht nicht!Die SG Flensburg-Handewitt verliert den Handball-Krimi gegen Kielce mit 28:29 (Hin: 28:28) und verpasst damit das Final4 nach einer dramatischen Schlussphase.

Geplaatst door Sky Sport News HD op woensdag 27 april 2016