Флензбург – Целје: Финалистите од 2004 година го отвораат 6. коло во ЛШ

Со натпреварот меѓу финалистите од Лигата на шампионите од 2004 година, Флензбург и Целје стартува 6. коло од оваа сезона во натпреварувањето во машка конкуренција. Средбата се игра денеска од 18:30 часот.

Тогашниот победник во двобојот, Целје сега е гостин и ќе биде во обид за обезбедување на првата победа на гостувањата во ЛШ после 13 февруари во 2016 година. После една година и речиси девет месеци без триумф на туѓ терен ова е сериозен предизвик за тимот од Словенија.

Инаку, Флензбург сезонава игра одлично пред своја публика и нема пораз така што ракометарите ќе се потрудат да дојдат до максимален ефект и да се изборат за нови бодови.

Во ова коло, Вардар му гостува на Кристијанштад в сабота од 18 часот, додека Металург в недела од 17 часот на домашен терен игра против Чеховски медведи.