Фијаско на Крим од Баја Маре: Мирјета Бајрамовска најефикасна

Романскиот дрим-тим на Баја Маре уште еднаш го покажа својот моќен квалитет. Нова жртва на Баја Маре беше РК Крим Меркатор од Словенија. Натпреварот беше одигран во рамките на ракометниот турнир “Шампионски трофеј-2014” каде домаќин е романската екипа Баја Маре. Деби-настап за Крим имаа двете поранешни репрезенативки на Македонија, Мирјета Бајрамовска и Марина Ламбевска.

Натпреварот без поголем отпор го доби Баја Маре со високи 41:26 (17-12). Во одлично светло во Крим се покажа Мирјета Бајрамовска која беше стрелец на осум голови, но немаше поддршка  од своите соиграчки. Марина Ламбевска постигна еден гол за Крим, а во победничкиот табор, репрезентативката на Македонија, Елена Ѓоргиевска еднаш се запиша во листата на стрелците.

Во првиот натпревар од овој турнир, ФТЦ од Будимпешта ја декласираше екипа на Михаловце со резултат 40:25.

На шампионскиот трофеј-2014, учествуваат: Баја Маре (Романија), Астраханочка (Русија), Ростов Дон (Русија), РК Крим Меркатор (Словенија), ФТЦ Будимпешта (Унгарија ) и Михаловце (Словачка).