ФИНАЛНИОТ РАКОМЕТЕН МАРАТОН ЗА КИЕЛЦЕ!

Фаворитот Веспрем во финалниот натпревар ги одмери силите со составот на Талант Душебаев. По солидните четири погодоци разлика во првиот дел, Веспрем дојде до високи 9 погодоци разлика, но Кјелце успеа целосно да се врати во натпреварот и да го изедначи резултатот на 29-29 во регуларните шеесет минути игра. Двете продолженија од по пет минути донесоа многу возбудувања, а сепак не го донесоа победникот бидејќи резултатот повторно беше изедначен овојпат на 35-35. По изведувањето на серијата удари од линијата на седум метри Кијелце славеше победа со конечни 39-38.

Почетокот на финалниот натпревар му припадна на унгарскиот шампион кој стартуваше со два погодока на Палмарсон, а Кијелце својот прв погодок го постигна дури во петтата минута благодарение на Лијевски. Разликата беше намалена на два погодока во деветата минута кога Бијелецки го постигна вториот гол за составот на Талант Душебаев 2-4. Сепак Веспрем ја држеше контролата во текот на целото полувреме и предводени од Илиќ, Лекаи и Палмарсон, Веспрем замина со солдини четири погодоци разлика на пауза 17-13.

pallmarson

Повторно Веспрем го постигна првиот гол на стартот на вториот дел за 18-13, а по три минути игра Бијелецки успешно го најде патот до мрежата на Миклер и не дозволи зголемување на предноста на Веспрем. Сепак во минутите кои следуваа Нилсон имаше главна улога и беше главен актер во зголемувањето на предноста на Веспрем која во четириестата минута достигна високи осум погодоци разлика 24-16. Највисоките девет разлика Веспрем ги имаше на средината на вториот дел 28-19 по што следуваше неворојатна серија од 9-0 на Кијелце за изедначуваењ на резултатот 28-28 во последните четири минути од натпреварот. Силниот удар на Наѓ го скроти Шмал, но Алиловиќ не дозволи Кјелце да поведе во клучните минути на натпреварот.

13330339_10153477137726644_433303659_n

По дванаесет минути пауза без погодок Илиќ конечно успеа да постигне гол и донесе минимална предност на Веспрем, а Алиловиќ повторно успеа да скроти погодок на линијата од седум метри на Штрлек. Веспрем ја пропушти шансата за зголемување на разликата со што Кијлеце имаше десет секунди за изедначување на резултатот.

strlek

Кијелце првпат поведе во натпреварот токму во продолженијата, а Веспрем возврати преку два погодка на Угалде. Следуваа два прецизни удари на Јурецки и еден на Наѓ, а Веспрем со проектилот на Илиќ го заврши првото продолжение со погодок разлика 33-32.

Штрлек изедначи на стартот на второто продолжение а Наѓ возврати брзо на спротивната страна. Лијевски повторно изедначи, а веднаш потоа неговата екипа поведе преку погодокот на Агинагалде 35-34. Веспрем го имаше последниот напад и преку Угладе изедначи на 35-35 на крајот на второто продолжение.

Пенал серијата ја отвори Илиќ со погодок за Веспрем, а Алиловиќ го одбрани ударот на Чупиќ. Шего беше поуспешен од Маргуч, а Кјелце изедначи преку Штрлек. Следуваа погодоци на Слишковиќ и Бјелецки, а Шмал го сктори ударот на Терзиќ. Рајхман беше успешен против Миклер, а Палмарсон беше успешен на спротивната страна. Пенал серијата беше комплентирана со погодокот на Агинагалде кој ја донесе победата на Кијелце.

Најефикасен во составот на Кјелце беше Рајхман со 9 погодоци , додека кај Веспрем Угалде постигна 7.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ