Финалето на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во знак на градското дерби

На второто издание на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп останува да се одиграат дуелите за пласман во финалниот ден. По три кола, екипата на Работник забележа две победи и се пласираше во финалето кое започнува од 18 часот. Противник ќе им биде составот на Пелистер во второто градско дерби пред почетокот на сезоната, Пелистер го совлада составот на Прилеп, а ремито против Пролет им овозможи да ја обезбедат првата позиција во група А.

За третата позиција ќе се натпреваруваат екипите на Прилеп и Охрид, додека за избегнување на дното ќе се борат Пролет и Борец. Натпреварувачкиот ден започнува во 14 часот, а финалето е закажано за 18:00.

СААТНИЦА ЗА ФИНАЛНИОТ ДЕН
14:00 За петто место
Пролет Тинекс (Скопје)- Борец (Велес)
16:00 За трето место
Прилеп – Охрид
18:00 ФИНАЛЕ
Пелистер (Битола) – Работник Еурофарм (Битола)

Домаќин на сите натпревари за пласман од меморијалниот турнир ќе биде „Универзална сала“ во Прилеп. Во продолжение се сите натпрвари од првите три кола:

РЕЗУЛТАТИ ГРУПА А
Прилеп – Пролет Тинекс (Скопје) 29-22
Пелистер (Битола) – Прилеп 34-27
Пелистер (Битола)- Пролет Тинекс (Скопје)22-22

Табела
Пелистер (Битола) 4
Прилеп 3
Пролет Тинекс (Скопје) 1


РЕЗУЛТАТИ ГРУПА Б
Работник Еурофарм (Битола) – Охрид 27-21
Охрид – Борец (Велес) 27-25
Работник Еурофарм (Битола) – Борец (Велес) 30-27

Табела
Работник Еурофарм (Битола) 6
Охрид 3
Борец (Велес) 0