Финален ден на олимпиското издание на Еуротурнои

Еден од најстарите ракометни турнири во Франција секоја година се одржува кон крајот на јули. Од 1994 година Стразбур ги пречекува силните европски екипи како прва проверка за своите можности пред почетокот на регуларната сезона. Од Монпелје, Целје, Магдебург, Кил, Шамбери, Суидад Реал, Хамбург, ПСЖ, па се до Веспрем, долга е низата на шампиони кои го освоиле овој турнир.

Во 2013 година македонскиот првак Вардар ја почуствува атмосферата на овој турнир, кој од 2000 година на секој четири години наместо ракометни екипи, а во духот на олимпизмот, ги собира силните ракометни репрезентации кои учествуваат на Олимписките игри.

Оваа година од 22 до 24 јули, на неколку денови пред почетокот на Рио 2016, Стразбур е местото каде се одржува најсилниот ракометен турнир во светот. Франција по четвртипат во низа ќе се обиде да ја одбрани титулата, а покрај домаќинот ќе настапат селекциите на Германија, Данска и Египет.

13781718_505355219664442_2481320822258577879_n

Во првиот натпреварувачки ден акутелниот европски првак неочекувано високо загуби од составот на Данска со резултат 19-25 и вечерва ќе се бори за третото место. Противник ќе му биде селекцијата на Египет која загуби од домаќинот Франција со резултат 30-26. Финалниот дуел меѓу Франција и Данска ќе се одигра вечерва со почеток од 18:00, додека два и пол часа претходно својот дуел ќе го одиграат Египет и Германија.